Челзи со пресврт до триумф против “чеканите“!

26

Челзи на “Стамфорд Бриџ“ успеа со 2:1 да го победи својот градски ривал Вест Хем и со тоа да освои три бода со што сега е пред Манчестер Сити.

Сепак не беше така лесно за составот на тренерот Енцо Мареска ако се знае дека во првиот дел Челзи воопшто не личеше на себе, се играше премногу резервирано.

Таквата игра ја казнија гостите со голот на Боувен во 42.минута за водство од 0:1, со кој резултат се замина на пауза.

Во продолжение од средбата Челзи прво успеа да израмни на 1:1 со голот на Нето во 64.минута за да во 74.минута со автоголот на Ван-Бисака домашните дојдоа до победата.

Треба да се каже дека во фиинишот на средбата “чеканите“ имаа шанси да дојдат барем до реми, но сепак на крајот резултатот гласеше 2:1 за Челзи.

ПретходноЏирона го победи Лас Палмас, Миовски остана на клупата!
СледноОфицијално: Нико Гонзалез во Сити, Матис Тел во Тотенхем! (ФОТО)