Шкендија со пораз од Сент Полтен во Анталија!

73

Денеска во Анталија, во екот на своите подготовки, Шкендија одигра уште една пријателска средба и тоа против Сент Полтен, тим од Австрија. Избраниците на стратегот Јетон Беќири беа поразени со 0:1 и тоа со примен гол во 77.минута од средбата. Според најавите од таборот на тетовскиот клуб во Анталија, Беќири и на оваа средба играл со комбиниран состав.

До крајот на својот престој во Анталија, Шкендија ќе ги одмери силите и со Динамо Киев на 6 февруари (четврток).

ПретходноСерафимов во тимот на колото во Унгарија! (ФОТО)
СледноПоследен ден од преодниот рок во ТОП 5 лигите: Лудило во Милан, Хименез е промовиран, има договор и за Жоао Феликс!