Екипата на Шкупи денеска одигра уште еден пријателски меч на подоготвките во Анталија. Обезбеден е триумф против екипата на Верес Ривне, украински состав кој што веќе спарингуваше зимава во Турција со Вардар.
Шкупи триумфираше со 4:2, и со тоа заокружи уште еден сегмент од овогодинешните зимски подоготкви.
Секако за Чаирчани главен момент, како и за сите останати екипи ќе биде пролетната полусезона, но добро е што преку ваквите победи освен што се подобрува самата игра и ефикасноста, се „билда“ и победничка атмосфера во тимот.