Во НБА лигата, а и воопшто во светот на кошарката и денес топ тема е трејдот на Лука Дончиќ во ЛА Лејкерси. Едноставно никој не верува како тоа една таква мега – ѕвезда клубот од Тексас се реши да ја “откачи“. Познати спортски фаци, јавни личности во светот на кошарката имаа што да кажат.
И самит Лука Дончиќ кој секако дека во моментов еден од трите најспектакуларни кошаркари во НБА имаше што да каже.
Како прво тој на своите социјални мрежи, како вистински господин, му се заблагодари на Далас за се она што тој клуб направил за него.
А потоа како типичен Балканец без никакви емоции престана да го следи Далас на социјалните мрежи.
Секако и со право. Едноставно Лука го одследи Далас на Инстаграм. Да не говориме дека тоа го направија и повеќе од 700.000 фанови на Далас, но пред се на Лука Дончиќ.