Каљари – Лацио 1:2 е епилогот од вечерашниот меч од 23.коло во Серија А кој се одигра вечерва на Сардинија. Ова се екстра важни три бода за тимот од Рим кој сега има 42 и се наоѓа на 4.место на табелата и тоа пред Јувентус кој падна на петтото место.
Лацио во 16.минута постигна гол, но истиот беше поништен. Затоа Закањи во самиот финиш на првиот дел стрелаше за 0:1.
Домашните израмнија во 55.минута преку Пиколи за да победата на Лацио дојде во 64.минута преки Кастељанос.