На Далас му се случи потоп после трејдот на Лука Дончиќ (ВИДЕО)

338
Фото: Далас/Твитер

По трејдот на Лука Дончиќ на Далас му сеслучи вистински дебакл. Маверикс беа поразени од Кливленд со 43 поени разлика (144-101). Мерил со 27 поени беше лидер на Кливленд, зад него беше Мобли со 22 поени. На другата страна Харди имаше 21 поен.

Торонто приреди изненадување, на домашен терен го совлада ЛА Клиперс со 115-108. Барет со 20 поени го предводеше победничкиот тим, Харден со 25 поени беше прво име кај гостите.

На останатите средби: Бостон славеше против Филаделфија со 118-110, додека Мемфис беше убедлив против Милвоки со 132-119.

ПретходноДанската ѕвезда порача: Во Загреб можеби ќе им поминеше! Мора некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет!
СледноХаос во Далас по трејдот на Дончиќ: Навивачите се појавија со ковчег (ВИДЕО)