Серхио Рамос ќе игра за тим од Мексико

63

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во Мексико. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо на својот Х профил напиша дека фудбалерот веќе потпишал договор со мексиканскиот клуб Монтереј. Се очекува играчот наскоро да пристигне во северноамериканската земја и да потпише договор.

Рамос последен пат играше за неговиот роден клуб Севиља, каде што се приклучи како слободен агент во 2023 година. Дефанзивецот има настапувано и за Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Минатата сезона, дефанзивецот одигра 37 натпревари за Севиља во сите натпреварувања, постигнувајќи 7 гола и 1 асистенција.

ПретходноНа Лука Дончиќ му препишаа „122 килограми“, Словенецот доби поддршка од Меџик Џонсон (ВИДЕО)
СледноАртета: Ова беше страшен ден за нас