Младинците на Пелистер ги добија противниците во Лигата на шампиони

71

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги обелодени деталите за првото издание на младинската Лига на шампионите во ракомет. По првичната идеја три клуба го откажаа своето учество во групната фаза (Алборг, Фредериција, Колштад) и на нивно место повикани се ГОГ Гудме, Војводина и Савехоф.

Ова е изгледот на четирите групи:
Група 1 (организатор Веспрем):
Загреб
ПИК Сегед
Веспрем
Војводина
Полуфинале:
Веспрем – Војводија
ПИК Сегед – Загреб
Група 2 (организатор Барселона):
Барселона
ПСЖ
Нант
Спортинг Лисабон
Полуфинале:
Барселона – Нант
ПСЖ – Спортинг
Група 3 (организатор Фуксе Берлин):
Фуксе Берлин
Магдебург
ГОГ Гудме
Савехоф
Полуфинале:
Фуксе Берлин – Савехоф
Магдебург – ГОГ Гудме
Група 4 (организатор Динамо Букурешт):
Е.Пелистер
Динамо Букурешт
Киелце
Висла Плоцк
Полуфинале:
Киелце – Пелистер
Висла Плоцк – Динамо Букурешт

Само победниците од групите ќе се пласираат на младинскиот завршен турнир во Келн. Групната фаза ќе се одигра на 17 и 19 април 2025 година. Во натпреварите од младинската Лига на шампиони можат да настапат ракометари до 18 години и помлади. Екипата на Пелистер ќе ја водат тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски.

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноМилан најави реновирање на средниот ред
СледноИван Николов на позајмица во тим од Втората данска лига