По Бојан Димоски, кој веќе е “црно – бел“, се чека само на промоција во дресот на Партизан, најново е тоа што овој клуб сака оваа зима да доведе уште еден Македонец.
А тоа е Лука Станковски кој минатата есен во тимот на Раднички Крагуецвац просто блескаше и го сврте вниманите на фудбалските менаџери и цела јавност во Србија.
И кога е така, тогаш јасно е дека за некогашниот мега – талент на Работнички има и тоа како интерес.
Веќе се говори дека Партизан по секоја цена сака да го донесе офанзивниот играч за врска, инаку младински репрезентативец на Македонија.
Сепак прашање е дали неговиот актуелен клуб, Раднички Крагуевац ќе се сложи на ваков трансфер.
Visited 1 times, 1 visit(s) today