Рашфорд: Само сакам да играм фудбал!

78

Маркус Рашфорд и се приклучи на Астон Вила на позајмица од Јунајтед до крајот на сезоната во неделата навечер, а Скај објави дека клубот од Бирмингем ќе покрие најмалку 75 отсто од неговата плата.

Во зависност од резултатите на тимот, Астон Вила може да му исплати на Рашфорд до 90 отсто од неговата плата.

„Би сакал да им се заблагодарам на Манчестер Јунајтед и Астон Вила што ја овозможија оваа позајмица. Имав среќа што ми пристапија неколку клубови, но преселбата во Астон Вила беше лесна одлука, навистина се восхитувам на начинот на кој играа оваа сезона и амбиција на менаџерот“, изјави Рашфорд.

Клубовите не соопштуваат финансиски детали, а британските медиуми објавија дека како дел од позајмицата Астон Вила има опција да го откупи договорот за 40 милиони фунти.

„Само сакам да играм фудбал и возбуден сум што почнувам. На сите во Манчестер Јунајтед им посакувам се најдобро во остатокот од сезоната“, додаде 27-годишниот Рашфорд.

Тој нема играно за Јунајтед од 12 декември, по обвинувањата на тренерот Рубен Аморим дека не бил посветен на тренинзите. Рашфорд не беше ниту избран за репрезентацијата на Англија за минатогодишното Европско првенство, по сезона во која имаше дисциплински проблеми во Јунајтед.

Аморим неодамна изјави дека повеќе би сакал да стави 63-годишен тренер на голмани на клупата отколку Рашфорд, кој оваа сезона постигна седум гола во сите натпреварувања.

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноПартизан го сака и Лука Станковски!
СледноРаботнички со пораз на пенали во мечот за 3.место на “Медулин Купот“!