Вчера на полноќ и официјално заврши зимскиот преоден рок во најквалитетните лиги во светот. Јасно е дека немаше којзнае какви мега – трансфери, но сепак најмногу потроши Манчестер Сити. Раководството на овој клуб му донесе на Пеп Гвардиола засилувања во вредност од 220 милиони евра.
Што е многу, многу е. Е сепак дали и со нив Пеп Гвардиола ќе ја спаси сезоната, останува да се види.
Инаку ова се ТОП -10 трансфери оваа зима:
1.Џон Дуран (Астон Вила – Ал Наср) 77 милиони евра
2.Омар Мармуш (Франкфурт – Манчестер Сити) 75 милиони евра
3.Квича Кварацкелија (Наполи – ПСЖ) 70 милиони евра
4.Нико Гонзалес (Порто – Манчестер Сити) 60 милиони евра
5.Чави Симонс (ПСЖ – Лајпциг) 50 милиони евра
6.Вандерсон Галено (Порто -Ал Ахли) 50 милиони евра
7.Абдукодир Хусано (Ленс – Манчестер Сити) 40 милиони евра
8.Витор Реис (Палмеирас – Манчестер Сити) 37 милиони евра
9.Луиз Енрике (Ботафого – Зенит) 33 милиони евра
10.Сантиаго Хименес (Феенорд – Милан) 32 милиони евра