“Скромниот“ Роналдо: Подобар сум од Меси, Марадона, Пеле…јас сум најдобар во историјата!

378

Кристијано Роналдо е феноменален фудбалер, еден од најдобрите фудбалери во историјата. Има свои фанови кои сметаат дека е нај, нај, но има и такви кои сметаат дека е далеку од еден Лео Меси.

Реално Роналдо е фантастичен фудбалер со блескава кариера, со многу освоени трофеи. Веројатно најголем професионалец во историјата на фудбалот, ама далеку од тоа е дека најдобар во историјата и дека е подобар од еден Лео, Диего или кралот Пеле.

Сите што барем малку се разбираат фудбалот, знаат дека Роналдо го нема тој талент како овие тројца, ја нема таа фудбалски префинетост како овие тројца и барем уште десетина други во историјата.

Роналдо се она што го има постигнато го има направено со многу, многу работа. Реално Роналдо е некаде од 20-тото до 25-тото место на листата на најдобрите во историјата.

Ама е нај, нај во својата “скромност“.

Тој знае да „тресне зелена“ и јавно да каже дека е подобар од Лео Меси, од Диего Марадона или Пеле:

Сметам дека сум најкомплетен фудбалер во историјата. На луѓето може повеќе да им се допаѓаат Меси, Марадона или Пеле, ама јас мислам дека сум подобар од нив, дека сум најдобар фудбалер во историјата. Искрено никогаш не сум видел било кој да е подобар од мене. Еве тоа јавно го кажувам, тоа го мислам длабоко во мојата душа“ изјави Кристијано Роналдо.

На крај да може да се смести на списокот заедно со Лео, Диего или Пеле, треба прво да освои титула на СП, па дури потоа да може да говори што и како.

Како тоа најдобар во историјата а без титула на Мундијал?

Никако!

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноСити и Пеп како пијани милионери: Ова се ТОП-10 најскапи трансфери во зимскиот преоден рок!
СледноШокантно: Уапсен синот на Мајкл Џордан!