Уште лоши вести за Реал: Мбапе се жали на повреда и Белингем во „аут“ за утрешниот дуел во “Копа дел Реј“!

225

Во пресрет на двата меча од ЛШ со Манчестер Сити и дербито со Атлетико Мадрид во Ла Лига, Реал Мадрид утре на гости кај Легањес во 1/4 финалето во “Копа дел Реј“.

На денешниот прес Карло Анчелоти објави уште лоши вести во врска со здравствениот билтен по повредите на Антонио Ридигер и Давид Алаба.

Имено Килијан Мбапе се жали на повреда, имал хематом на потколеницата а нема да игра и Џуд Белингем.

Англичанецот во изминатите два дена воопшто не тренирал, добил одмор во пресрет на дуелите со Манчестер Сити и Атлетико Мадрид.

Тоа значи дека од триото МБВ утре ќе настапи само Винисиус.

ПретходноБеса со убедлив триумф на контролата со Брегалница!
СледноОва го чекаа фановите на Милан: Промоција на Жоао Феликс! (ФОТО)