Никола Јокиќ синоќа против Њу Орлеанс го забележа 23-от трипл-дабл, а по овој меч беше прашан за трејдот на Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс. Српскиот центар откри дека го контактирал својот пријател, и дека тој и како сите останати се изненадени од ваквиот трејд и однос на Далас кон Словенецот.
„Се допишував со него, тој тоа не го очекуваше ова секако… Мислам дека сега мора да биде со семејството, тоа е голем трансфер. Ова е бизнис, никој не го очекуваше, особено тој. Никој не е безбеден во лигата, но мислам дека ќе заврши добра работа, тој е играч за голема сцена, имаше нешто посебно во Далас, но…“, изјави Јокиќ.
Според неофицијални извори, Дончиќ веќе во понеделник треба да го одигра првиот меч во дресот на Лејкерс.
Visited 1 times, 1 visit(s) today