Висар Муслиу има нов клуб, потпиша за белгиски Ст. Труиден

149

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу има нов клуб. Од денеска нашиот репрезентативен стопер е ново име во белгискиот прволигаш Ст. Труиден.

Како што објавија од клубот, искусниот дефанзивец кој беше под договор со Падерборн, го раскинал договорот со германскиот второлигаш и како слободен фудбалер се преселил во Белгија. Сезонава Висар имаше 7 настапи за Падерборн во германската „Цвајте“.

Муслиу е стандарден репрезентативец на Македонија и досега веќе има 64 настапи.

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноИвановски е ново засилување за Алкалоид
СледноДончиќ и официјално претставен пред фановите на ЛА Лејкерс