Лука Дончиќ ѝ официјално и беше претставен на јавноста како ново име во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. За првпат откако го напушти Далас по шокантниот трејд кој донесе солзи и гнев кај многу фанови на Далас, тој денеска се појави на промоцијата во ЛА.
„Не беше лесно. Отпрвин мислев дека е 1 април“, рече Словенецот и зборуваше колку му било тешко во неделата кога, како и целиот свет, се разбудил со бизарната вест дека заминува во Лос Анџелес.
„Имаме 25-годишна глобална суперѕвезда која ќе игра за најголемиот тим во светот и под најсилниот бренд во кошарката. Кога сето тоа ќе се собере, тоа носи задоволство на сите лица“, рече генералниот директор на ЛА Лејкерс на промоцијата.
„Така одлучија. Не знам зошто така одлучија, но… Веќе ништо не можам да сторам“, изјави Лука, потврдувајќи дека тешко ја прифатил новата реалност дека мора да оди во Лос Анџелес.
„Во неделата сите беа изненадени. Можете да замислите колку јас бев изненаден. Кога се разбудив, помислив дека тоа е првоаприлска шега. Далас беше дом за мене, бев шокиран. Тоа беа тешки времиња. Мислев дека цела кариера ќе ја одиграм во Далас. Денес се чувствувам подобро. Сега сум среќен што сум тука, во еден од најдобрите клубови во историјата на кошарката. Едвај чекам да го облечам дресот и да заиграм за толку голем клуб”, вели Дончиќ.