Челзи се врати на победничките патеки откако минатата недела загуби со 1:3 од директниот конкурент за четвртото место, Манчестер Сити.
„Не ми е грижа за грешките кои произлегуваат, тоа е нашиот стил на игра. Понекогаш дефанзивците грешат, голманите грешат, напаѓачите ја промашуваат целта. Ова е фудбал. Тоа се случува. Главната работа е да продолжиме“, изјави Енцо Мареска.
Благодарение на трите освоени бода, лондончани се искачија само на 4. место, со два бода повеќе од Манчестер Сити и Њукасл.
„Сè уште се бориме за топ 4, се надевам дека ќе останеме во трката до самиот крај“. Да се биде уште во овој во февруари, тоа е големо достигнување“, заклучи Мареска.
Look at Maresca’s face when asked about Sanchez being dropped 🤣 pic.twitter.com/Yc3s4QztIo
— Will (@willreyner) February 3, 2025