И официјално е. Во минута до 12 што се вели. Вечерва Манчестер Сити и официјално го потврди Нико Гонзалес кој дојде од Порто за 60 милиони евра како замена за Родри.
Со ова заврши бурниот зимски преоден рок за Сити тоа со ангажманот на Нико Гонзалес, Мармуш, Хусанов, Реис. Вкупно 200 милиони евра за сите засилувања за Пеп Гвардиола.
Тотенхем нешто после полноќ се пофали дека успеал да го доведе Матис Тел од Баерн Минхен. Иако се надеваше дека ќе оди во Манчестер Јунајтед, Арсенал или Челзи, сепак Тел заврши во Тотенхем на позајмица. За Баерн веднаш одат 5 милиони евра, а на лето можеби и 55 милиони.
Ноќеска на полноќ и официјално заврши преодниот рок во ТОП 5 лигите во Европа, сега останува да се види кој се трансфер минал или не.
Јасно е дека со нетрпение се чека на промоцијата на Жоао Феликс во Милан.