Работнички од продажбата на Регба и Мазари заработи 300.000 евра!

240

За некои по малку изненадувачки, ако се знае дека Работнички напролет е во позиција да ја “брка“ и титулата, е тоа што клубот од Градски парк оваа зима ги продаде своите најдобри играчи.

Имено прво Атдхе Мазари направи трансфер во Вараждин, а од вчера и Али Регба, најдобриот во есенскиот дел во ПМФЛ, беше промовиран во Марибор. И сега некој ќе каже дека ова е сосема погрешен потег на челниците на клубот?

На прв поглед така изгледа, но дали е баш така?

Посебно ако се знае дека од двајцата Работнички заработи 300.000 евра, сума која за наши услови не е за занемарување.

Како второ треба да се знае дека со оглед на одличните настапи и двајцата на лето сигурно ќе си заминеа, ама тогаш како слободни играчи ако се знае дека и на двајцата во јуни им истекуваа договорите.

Значи вака е подобро, сепак 300.000 евра ќе “легнат“ во касата.

Инаку Работнички оваа зима го врати во своите редови напаѓачот Анес Рушевиќ, а според нашите информации, до крајот на преодниот рок Работнички ќе донесе уште еден исклучително квалитетен напаѓач со цел да се “покријат“, заедно со Рушевиќ, местата на Регба и Мазари.

За крај само да споменеме дека Влатко Стојановски замина во Беса како слободен играч, него договорот со Работнички му истече во декември.

Ете затоа Работнички ги продаде Регба и Мазари!

ПретходноЈокиќ откри дека разговарал со Дончиќ: Имаше нешто посебно во Далас, но….
СледноМилан најави реновирање на средниот ред