Хрватски фудбалер пронајден мртов, два дена го барале во Шпанија!

332
Фото: SOS Desaparecidos

Хрватскиот фудбалер Јаков Јелкиќ е пронајден мртов, јавуваат шпанските медиуми. Јелкиќ (24) исчезнал во саботата наутро во шпанскиот град Аликанте, а според пишувањата на локалните медиуми неговото тело полицијата го пронашла во пристаништето. Засега се смета за несреќен случај, но се уште се чекаат резултатите од обдукцијата.

Јелкиќ е државјанин на Швајцарија и Хрватска, а во саботата била објавена пријава за исчезнато лице, по што започнала потрагата по младиот фудбалер кој настапува за Зермат.

Младиот фудбалер во петокот пристигна во Аликанте со неколку пријатели и соиграчи од швајцарски Зермат. Тие биле на забава во ноќен клуб на централниот плоштад во Аликанте, каде што последен пат бил виден Јелкиќ. Се вратил во хотелот за да си ја земе јакната, но никогаш повеќе не бил виден.

Полицијата употребила надзорни камери за да утврди дека тој сам се движел кон пристаништето Аликанте, каде сигналот на мобилниот телефон одеднаш му престанал, па во тој дел била засилена потрагата.

Беа распоредени и дронови, вклучени се нуркачи, а неговото тело беше пронајдено на длабочина од околу два метри. Во тек е обдукција.

ПретходноЈокиќ не го менува стилот, нов трипл-дабл за победа на Денвер (ВИДЕО)
СледноЈокиќ откри дека разговарал со Дончиќ: Имаше нешто посебно во Далас, но….