Батлер со сите сили се обидува да замине во Феникс

159

Угледниот НБА инсајдер Брајан Виндхорст тврди дека ѕвездата на Мајами Хит, Џими батлер, инсистира на трансфер во Феникс.

„Батлер се труди максимално да го протурка својот трансфер во Феникс. Имаше неколку опции за преселба во различни тимови, но тој инсистира на Феникс. Доколку не дојде до пробив во преговорите, Мајами ќе се врати на други опции, вклучително и продолжување на разговорите со Голден Стејт“, изјави Виндхорст за ЕСПН.

Батлер ќе има можност да се појави на пазарот на слободни агенти ова лето. Досега оваа сезона, тој одигра 25 натпревари во НБА лигата, со просек од 17 поени, 5,2 скока и 4,8 асистенции.

ПретходноЦветаноски и Жељо славеа на тест-мечот со Силекс
СледноРаниери затскриено најави: Рома го убедува Анчелоти да го преземе тимот следната сезона