Иван Николов на позајмица во тим од Втората данска лига

272

22-годишниот македонски фудбалер, Иван Николов кој е под договор во Сондерјиске до летото 2026 година, е позајмен на Венсисел на договор за остатокот од сезоната. Станува збор за тим кој се натпреварува во Втората данска лига, а во Николов гледа играч кој може да донесе свежина.

„Во Иван Николов добиваме играч од средниот ред кој ќе не засили за пролетните игри. Станува збор за квалитетен играч кој може да покрие неколку позиции во централниот дел на теренот, а кој го баравме откако во зимскиот преоден рок се збогувавме со неколку играчи на овие позиции.

Иван ја знае и лигата и воопшто данскиот фудбал, па е подготвен за настап од првиот ден. Среќни сме со доаѓањето на Иван и сигурни сме дека тој ќе ни биде придобивка на пролет“, вели спортскиот директор на Вендсисел, Кристијан Ларсен.

За Сондерјиске Иван Николов досега одигра 39 натпревари и постигна три гола.

ПретходноМладинците на Пелистер ги добија противниците во Лигата на шампиони
СледноВо Копенхаген се славеше неверојатното остварување на данските ракометари!