И официјално и дефинитивно. Жоао Феликс во дресот на Милан. Супер, екстра засилување за гигантот од Милано. Португалецот синоќа пристигна во Милано, веднаш ги мина лекарските прегледи а денеска потпис и промоција на воодушевување на фановите на Милан.
Португалецот до јуни ќе игра за тимот од Милано како позајмен играч на Челзи и за тоа му е платено на премиерлогашот 5,5 милиони евра.
Во случај во јуни сите страни да се договорат ќе следува и целосен откуп на договорот од страна на Милан.
Секако дека за ова и Челзи ќе се прашува.
Интересно, односно да се потсетиме. Португалецот се уште го држи 5.место за најскапи трансфери во историјата кога во таа 2019 година од Бенфика се пресели во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра. Играше и за Барса и за Челзи, но факт дека овој фудбалер кој сега има 26 години не успеа да го искаже сиот свој потенцијал, кој е огромен.
Дали тоа ќе му успее во Милан?