Работнички со пораз на пенали во мечот за 3.место на “Медулин Купот“!

96

Работнички денеска одигра 0:0 против тимот на Бокељ, за да потоа беше поразен на пенал со 4:5, во меч за 3.место на “Медулин Купот“ во Хрватска.

Со овој натпревар експедицијата на клубот од Дебар Маало го заокружи својот престој во Медулин каде ја одработи главната фаза од подготовките и се враќа дома.

Работнички во Медулин одигра вкупно четири меча и тоа против Прва Искра (1:2), Шарлот (2:2), Младост ДГ (2:1) и Бокељ (0:0 по пенали 4:5).

Во пресрет на стартот на пролетниот дел, Работнички својата “генералка“ ќе ја има против Кожув претстојниот викенд.

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноРашфорд: Само сакам да играм фудбал!
СледноМареска: Целосно ја заслуживме победата