Сити и Пеп како пијани милионери: Ова се ТОП-10 најскапи трансфери во зимскиот преоден рок!

200

Вчера на полноќ и официјално заврши зимскиот преоден рок во најквалитетните лиги во светот. Јасно е дека немаше којзнае какви мега – трансфери, но сепак најмногу потроши Манчестер Сити. Раководството на овој клуб му донесе на Пеп Гвардиола засилувања во вредност од 220 милиони евра.

Што е многу, многу е. Е сепак дали и со нив Пеп Гвардиола ќе ја спаси сезоната, останува да се види.

Инаку ова се ТОП -10 трансфери оваа зима:

1.Џон Дуран (Астон Вила – Ал Наср) 77 милиони евра

2.Омар Мармуш (Франкфурт – Манчестер Сити) 75 милиони евра

3.Квича Кварацкелија (Наполи – ПСЖ) 70 милиони евра

4.Нико Гонзалес (Порто – Манчестер Сити) 60 милиони евра

5.Чави Симонс (ПСЖ – Лајпциг) 50 милиони евра

6.Вандерсон Галено (Порто -Ал Ахли) 50 милиони евра

7.Абдукодир Хусано (Ленс – Манчестер Сити) 40 милиони евра

8.Витор Реис (Палмеирас – Манчестер Сити) 37 милиони евра

9.Луиз Енрике (Ботафого – Зенит) 33 милиони евра

10.Сантиаго Хименес (Феенорд – Милан) 32 милиони евра

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноИ официјално: Србија и Албанија ќе бидат домаќини на ЕП 2027! Финалето ќе се игра во Тирана!
Следно“Скромниот“ Роналдо: Подобар сум од Меси, Марадона, Пеле…јас сум најдобар во историјата!