Цветаноски и Жељо славеа на тест-мечот со Силекс

182

Фудбалерите на Силекс се поразени на пријателскиот меч со сараевски Железничар одигран денеска.  На мечот кој се одигра под дожд, Железничар славеше со 2:0.

Во првото полувреме немаше многу шанси, само по еден обид и на двете страни. Сепак, најдобрата шанса ја имаше Силекс во 38. минута од натпреварот кога Мицевски шутираше од слободен удар, но голманот на Железничар одбрани.

Првиот гол беше постигнат во 61. минута преку Крпиќ, кој подоцна го постигна и вториот гол и го реши прашањето за победникот. Во тимот на Железничар настапи и нашиот Матеј Цветаноски.

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноЗапира Ла Лига: Судиите во Шпанија се подготвуваат за штрајк!
СледноБатлер со сите сили се обидува да замине во Феникс