Јокиќ откри дека разговарал со Дончиќ: Имаше нешто посебно во Далас, но….

518

Никола Јокиќ синоќа против Њу Орлеанс го забележа 23-от трипл-дабл, а по овој меч беше прашан за трејдот на Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс. Српскиот центар откри дека го контактирал својот пријател, и дека тој и како сите останати се изненадени од ваквиот трејд и однос на Далас кон Словенецот.

„Се допишував со него, тој тоа не го очекуваше ова секако… Мислам дека сега мора да биде со семејството, тоа е голем трансфер. Ова е бизнис, никој не го очекуваше, особено тој. Никој не е безбеден во лигата, но мислам дека ќе заврши добра работа, тој е играч за голема сцена, имаше нешто посебно во Далас, но…“, изјави Јокиќ.

Според неофицијални извори, Дончиќ веќе во понеделник треба да го одигра првиот меч во дресот на Лејкерс.

ПретходноХрватски фудбалер пронајден мртов, два дена го барале во Шпанија!
СледноРаботнички од продажбата на Регба и Мазари заработи 300.000 евра!