Авторитетното американско издание Њујорк Тајмс, повикувајќи се на свои извори, објави дека четирикратниот шампион во НБА лигата, Леброн Џејмс, ќе се пензионира во следните две години.
„Луѓето блиски до Леброн велат дека тој би можел да се пензионира следната или година потоа“, пишува Њујорк Тајмс.
Во тековната сезона во НБА, кошаркарот на ЛА Лејкерс учествуваше на 44 натпревари. Леброн во просек постигнува 24,0 поени, 7,6 скока и дава 9,1 асистенции по натпревар.
Visited 1 times, 1 visit(s) today