Денеска една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал Кристијано Роналдо полни 40 години. Португалецот си замина и продолжува да остава огромен белег со сето она што го постигна во кариерата. Иако има 40 години, тој продолжува да покажува дека се уште може да игра фудбал на највисоко ниво со неговиот сегашен клуб Ал-Наср.
Роналдо е 5-кратен добитник на „Златната топка“, 4-кратен добитник на „Златна копачка“ и има освоено 33 трофеи во кариерата, вклучувајќи 5 во ЛШ и еднаш Европско првенство со Португалија.
Тој е играчот со најмногу постигнати голови во историјата со 923 до денес, го држи рекордот за најмногу голови и асистенции во Лигата на шампионите (140 гола и 42 асистенции), има најмногу натпревари и голови за националниот тим (217 натпревари и 135 гола за Португалија) и ред други рекорди.
И оваа сезона Роналдо не престанува да постигнува голови, со 23 гола на 25 меча за Ал Наср досега во сите натпреварувања. Покрај тоа, има и 4 асистенции.
Се чини дека Кристијано нема намера да престане да игра фудбал, па може да очекуваме уште многу достигнувања во иднина.