Флојд Мејведер ќе наполни 48 години на 24 февруари. Легендарниот боксер на Инстаграм објави дека ќе слави роденден цел месец, а за почеток си подари два луксузни Ролс Ројс. Првиот е Rolls-Royce Phantom со светло сина внатрешност, а вториот е Cullinan. И двете се изданија од 2025 година, а тој наводно платил вкупно околу 1,2 милиони долари (1,16 милиони евра).
Богатството на славниот борец се проценува на повеќе од 400 милиони долари (385 милиони евра). Освен што е ентузијаст за автомобили и наводно поседува 19 Ролс Ројс, три Бугати и две Ферари, Мејведер собира и часовници, чија колекција се проценува на повеќе од сто милиони долари.
Во непоразената кариера со 50 победи заработи повеќе од милијарда долари. Во декември 2024 година, тој купил зграда на Шестата авенија во Менхетен, Њујорк, за неговиот двегодишен внук Кентрел Голден. Објектот се наоѓа во т.н Дистриктот Дијамант на раскрсницата на Шестата авенија и 47-та улица. Во зградата се сместени деловни простории и канцеларии, продавници за дијаманти и голема рекламна табла.
“Кога бев млад, купував во таа продавница, не можев да сонувам дека еден ден ќе го поседувам тоа место. Се е можно кога си посветен и работиш напорно”, изјави Мејведер во оваа прилика. Според информациите на светските медиуми, зградата го чинела околу 20 милиони долари.
View this post on Instagram