Екипата на Вардар денеска го одигра последниот контролен дуел на подготовките во Анталија.
Совладан е вториот тим на Рапид Виена со конечни 3:1. Стрелци на головите за тимот на Вардар беа Немања Босанчиќ во 40. минута, Мато во 55. минута и Михаил Талески во 70.
Ова за избраниците на стратегот Гоце Седлоски беше петта контролна средба, а скорот е следен. Еден трумф, три нерешени резултати и два пораза. Со гол разлика од шест примени и исто толку дадени голови.
Вардар се враќа во Скопје в сабота, каде што во домашни услови ќе ги финишира тековните зимски подготовки.