Дејан Спасески од Лече е нашата следна репрезентативна цел

491

Новото раководство на Фудбалската Федерација на Македонија уште од самиот старт на својот мандат се зафати со работа во насока на она што беше поставено како примарна цел при самото доаѓање. Целосна трансформација и реорганизација на младинските категории, на младинските репрезентации, ФФМ Академијата и се што е поврзано со младите фудбалери во Македонија.

Веќе се стартуваше со кампови на сите генерации, поминаа оние најмалите, како и оние до 17 години на чело со селекторот Димитар Капинковски, а во соработка со колегата од У16 Драган Начевски. Новата база е комплексот на ФК Брера во Струмица, каде што младите фудбалери ги имаат сите услови за тренинзи и работа.

Од друга страна пак, и селекторот Начевски, но и неговите колеги секогаш со широко раширени раце ќе прифатат засилување од дијаспората нешто за што Македонија, се борела, се бори и ќе се бори и во иднина. Секое квалитетно дете кое има потекло од кај нас вреди да се доведе во нашиот национален дрес.

Па така, од  она што последно Спортспорт го дознава е во моментов членот на италијанскиот Лече. Поточно на неговата академија.
Се работи за Дејан Спасески, момчето кое што е родено во Охрид, и кој што своите фудбалски чекори ги има направено во својот роден град. Во Италија заминува пред неколку години, а со оглед на фактот што е роден 2009 година, досега и немало простор да биде повикан за некоја национална селекција. Спасески игра на позициите полушпиц, и офанзивец играч за врска.

Сега тоа ќе се промени, и за членот на академијата на Лече, тим кој во моментов е дел од Серија А, и тоа како ќе има простор во дресот на Македонија. Тој веќе бил повикан за пријателската средба против Словенија, но поради повреда морал да откаже, а сега, напролет нашата У17 селекција повторно има собир, а Спасески сигурно ќе се најде на списокот на селекторот Начевски.

 

ПретходноЕХФ со најново рангирање, Македонија без промени
СледноВардар со победа над Рапид Виена ги заврши мечевите во Анталија