Дејвис потпиша нов договор со Баерн и се врати на тренинзи

31

Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, продолжи со тренинзите откако неодамна се опорави од повредата на тетивата, објави весникот „Билд“. Дефанзивецот дури ја заврши сесијата вежби со лесни топки, што е одлична вест за Баварците, бидејќи првичните прогнози беа дека би можел да отсуствува околу еден месец.

Канаѓанецот заработи повреда на пресметката со Феенорд во Лигата на шампионите. Левиот бек утрово се врати на тренинзите откако вчера по неколкумесечна неизвесност и шпекулации беше објавен неговиот нов договор со Баерн Минхен, кој ќе важи до летото 2030 година.

ПретходноРоке се враќа дома: Палмеирас понудил 27 милиони за „промашувањето“ на Барса
СледноМилан е во полуфиналето на Купот на Италија, деби-гол на Жоао Феликс