Младиот Гарсија го однесе Реал (М) во полуфиналето на Копа дел Реј

60

Со гол во судиското продолжение, Реал Мадрид го совлада Леганес на гости со 2:3 и успеа да се пласира во полуфиналето на шпанскиот Копа дел Реј. Домашните се вратија од мртвите, но не издржаа до самиот крај на мечот.

Реал поведе со 0:2 и се чинеше дека лесно ќе дојде до полуфиналето. Реал Мадрид поведе во 18. Минута со голот на Лука Модриќ, а само седум минути подоцна Ендрик зголеми и на 0:2.

Кога се чинеше дека Реал Мадрид ќе има рутински натпревар до крајот, Леганес се разбуди. Од пенал во 39. минута Хуан Круз намали на 1:2, а во 59. минута Хуан Круз со својот втор гол на натпреварот израмни на 2:2.

Реал Мадрид можеше да го врати водството во 75. минута, но ударот на Брахим Дијаз заврши на гредата. Притисокот на гостите даде резултат во третата минута од судиското надополнување, кога 20-годишниот резервист Гонзало Гарсија погоди за полуфинале.

ПретходноМилан е во полуфиналето на Купот на Италија, деби-гол на Жоао Феликс
СледноАрсенал и вторпат падна пред Њукасл, „страчките“ се во финалето на Лига Купот