Претседателот Омерагиќ на средба со тимот задолжен за терените на ФФМ (ВИДЕО)

360

Ако нешто е важно за развој на фудбалот во Македонија, а било и сеуште е „рак рана“ што се вели, се терените односно инфраструктурата.

Терените пак што се дел од комплексот „Петар Милошевски“ при ФФМ секогаш биле во одлична состојба, и за тоа мора да му се оддаде почит на тимот кој што е задолжен за тоа.

Па така, денеска, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ имаше средба со луѓето задолжени за работа на терените, односно тимот кој што е одговорен за нивно одржување. Секако, Омерагиќ ја поддржа нивната пожртвувана работа, напоменувајќи дека тие се важна карика во ланецот на успехот на ФФМ во периодот кој следува.

ПретходноВардар со победа над Рапид Виена ги заврши мечевите во Анталија
СледноТиквеш загуби на контролата против Кожуф