Скандал на меч во Аргентина: Помошниот судија доби шипка во глава

120

Голем инцидент се случи на натпреварот од третото коло на аргентинската Апертура меѓу Годој Круз и Талерес од Кордоба, кој беше прекинат поради немили сцени на стадионот.

Резултатот при прекинот беше 0:0, а помошниот судија иако се чувствувал добро, по консултација со главниот судија донел одлука да не го продолжи натпреварот, што дополнително предизвика гнев кај навивачите. Инаку, помошниот судија бил погоден со шипка.

Главниот судија на натпреварот, Жаел Фалкон Перез, изјави дека одлуката ја донел поради можност од ескалација на немирите.

„Нема шанси да продолжи натпреварот, не можеме да дозволиме некој од нас да се повреди. Ако не го прекинам натпреварот, ова ќе продолжи да се случува. Знам дека играчите не се виновни, но нецивилизираните луѓе се одговорни“, изјавил главниот судија.

ПретходноВардар подобар од Охрид на пријателски меч
СледноФутсал репрезентацијата поразена и на гостувањето кај Португалија