Тиквеш загуби на контролата против Кожуф

102

Екипата на Тиквеш денеска на контролниот дуел против второлигашот Тиквеш загуби со минимални 1:0.

Стрелец на единствениот гол на овој меч беше искусниот напаѓач Саше Дуков. Кожуф зимава има нов тренер во името на Славчо Георгиевски, и секако дека ваквиот тип на победи се добредојдени за амбициозниот второлигаш од Гевгелија.

Од друга страна пак, Тиквеш и натаму активно се подготвува за она што напролет следува, а тоа секако е борба за секој бод кој што може да биде спасоносен на крајот од сезоната. Во Кавадарци очекуваат далеку подобра полусезона отколку изминатата, и доволен број на победи за опстанок во ПМФЛ.

 

ПретходноПретседателот Омерагиќ на средба со тимот задолжен за терените на ФФМ (ВИДЕО)
СледноЛацио не го пријави Пелегрини за пролетната полусезона