Уапсен синот на Џордан: На сила го извадиле од автомобил, поседувал кокаин и пеел додека го носеле во притвор

410

Маркус Џордан (34), помладиот син на најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан, е уапсен во Калифорнија под обвинение дека возел под дејство, поседувал кокаин и дал отпор при апсењето.

Според TMZ, Маркус Џордан удрил со своето Ламборџини во неколку конструкции пред железничка станица. Според официјалните документи, полицијата забележала светло на автомобилот на Џордан додека бил на шините. Кога се обиделе да му пријдат, виделе дека му се оштетени браниците и дека од под возилото биле исфрлени камења. Тој се обидел да побегне, но не успеал.

Наводно, Џордан ѝ рекол на полицијата дека направил погрешно свртување и дека му треба помош при тргнувањето на возилото од шините.

„Тој употребуваше пцовки цело време додека зборуваше, а очите му беа црвени. После тоа, му рекоа да излезе од возилото и иако на почетокот не сакаше да соработува, на крајот успеаја да го извлечат од автомобилот. Потоа им призна дека бил во ноќен клуб и дека конзумирал алкохол при претресот кај него била откриена бела материја за која било утврдено дека е кокаин.

Кога се обиделе да го стават во полициско возило, тој се спротивставил и се конфронтирал. Кога конечно го качиле во возилото, го однеле во локалниот затвор, а тој цело време пеел“, пишуваат американските медиуми.

За сè што направи откако беше фатен на дело, Џордан е обвинет по три точки – уништување јавен имот, поседување кокаин и попречување на полицаец. Затоа тој се уште е зад решетки и чека рочиште, по што ќе му биде одредена кауција, со што повторно ќе биде на слобода.

ПретходноБарселона разочарана од три неуспешни продажби
СледноДанскиот селектор во џеп стави два медали, објасни и зошто!