Еден од најплатените играчи во тимот на Олд Трафорд, Лук Шо се повреди уште еднаш сезонава. За играч кој што има плата од 200.000 фунти неделно тој речиси и да не заигра од стартот на Премиер лигата.
Се повреди уште во септември и го пропушти стартот на сезоната поради задната ложа. Потоа имаше проблем со мускулот. Во декември повторно беше во „аут“, и кога конечно се врати на тренинзи повторно се повреди.
Од Јунајтед не даваат конкретна информација за што станува збор, но со сигурност ќе го нема до март.