Светскиот шампион во Мото ГП доживеа тешка несреќа на тестирањата на Сепанг, итно опериран (ВИДЕО)

197

Шампионот во Мото ГП, Хорхе Мартин доживеа тешка несреќа за време на тестирањата во Малезија. Инцидентот се случи за време на тестовите што неговиот тим ги има на патеката Сепанг.

На влезот на вториот свиок Мартин беше буквално исфрлен во воздух и слета на асфалтот. Се верува дека ударот со асфалтот бил многу силен, а Мартин мора на операција.

Возачот на Априлија веднаш беше пренесен во медицинскиот центар.

При првичниот преглед Мартин се пожалил на многу силни болки во левата нога и десната рака, а „Газета дело Спорт“ пишува дека тој бил опериран. Деталниот преглед покажал дека Мартин се здобил со затворена фрактура на метакарпалната коска на десната рака, како и затворени скршеници на третата, четвртата и петтата метатарзална коска на левото стапало.

ПретходноМедиуми блиски до Ливерпул тврдат: Салах и Ван Дајк ќе потпишат нови договори!
СледноНевил: Најлошо за Манчестер Ј. е што и натаму ќе тонат, а не смеат да го сменат Аморим