Футсал репрезентацијата на Македонија го претрпе и третиот пораз во квалификациите за ЕП 2026. Вечерва во меч од 4. коло во групата, Македонија на гостувањето кај големиот фаворит за првото место, селекцијата на Португалија, загуби со 3:0.
Ова е втор пораз за нашиот футсал-тим од селекцијата на Португалија, која во петокот во Скопје славеше со 5:1. Вечерва головите за победата на домашните ги постигнаа Невеш во 13′, А. Коељо во 27′ и Б. Коељо во 35′.
Македонија по четири кола се наоѓа на последното место со еден освоен бод.