Аталанта остана без Скамака и Скалвини до крајот на сезоната

66

Аталанта до крајот на сезоната остана без двајца важни играчи. Станува збор за напаѓачот Џанлука Скамака и дефанзивецот Џорџо Скалвини. Двајцата имаат сериозни повреди и ќе мора да бидат оперирани, соопштија од клубот.

Ова е уште еден проблем за Скалвини, кој се врати на терените во ноември по долго отсуство, но потоа се здоби со две последователни повреди на рамото, од кои за втората ќе биде потребна операција.

Слична е ситуацијата и со Скамака, кој исто така штотуку се врати од повреда и ги запиша првите минути сезонава на мечот со Торино, но веднаш заработи нова повреда на квадрицепсот, која се покажа како посериозна од очекуваното.

“Двајцата ќе мора да бидат оперирани. Големо е разочарување бидејќи губиме вредни играчи на подолг временски период. Сигурен сум дека ќе се вратат посилни и со нетрпение ги очекуваме за почетокот на следната сезона”, изјави извршниот директор на Аталанта, Лука Пекаризи.

ПретходноЛеброн и Дончиќ го одработија првиот заеднички тренинг (ВИДЕО)
СледноИбраими: Нема тешки и лесни противници, во оваа група ќе видиме кој е подготвен и за А репрезентацијата