Дебакл на Валенсија и Столе: Во 30 минута Барса водеше со 0:4, домашните фанови ја напуштаат “Местаља“!

346

Невиден дебакл на Валенсија вечерва на свој терен во 1/4 финалето во “Копа дел Реј“. До 30 минута Барселона водеше со 0:4, на голот на “Валенсија“ е Столе Димитриевски, и по ова домашните фанови почнаа да ја напуштаат “Местаља“. Ова е нешто што ретко се гледа во светот на фудбалот.

Инаку три гола постигна Феран Торес,некогашен играч на Валенсија, стрелаше и Лопез.

Да се потсетиме дека на последниот нивни меч, одигран на “Монжуик“, Барселона тогаш и даде седум голови на Валенсија.

ПретходноИ Богдановиќ во ЛА, Мициќ во Феникс!
СледноЛуис Енрике: Сега е јасно дека ПСЖ е подобар без Мбапе!