И Барса во 1/2 финалето: Столе прими пет голови ама ја спаси Валенсија од уште поголема катастрофа!

246

Барса е последниот полуфиналист во “Копа дел Реј“ откако вечерва на “Местаља“ успеа да слави со 0:5 на гостувањето кај Валенсија. Се беше готово уште во 30.минута кога на семафорот стоеше 0:4 за тимот на Ханси Флик. Во тие моменти дел од домашните фанови почнаа да ја напуштаат “Местаља“ неможејќи да ги следат маките на своите миленици.

На голот на Валенсија беше Столе Димитриевски, кој прими пет голови ама треба да се каже дека со неколку одбрани успеа да го спаси својот тим од уште поголема катастрофа. Фактот дека со пет примени голови е најдобриот играч на Валенсија, кажува многу.

Во 3.минута Феран Торес го постигна својот прв гол, на својот некогашен тим му даде уште два, а во првиот дел стрелаше е Фермин Лопез.

Евидентно беше дека во второто полувреме Барса како да го намали ритамот, сепак Ламине Јамал во 60.минута постигна уште еден гол за конечни 5:0 за гостите.

Барселона за две недели во два меча и даде 12 голови на Валенсија.

Инаку во полуфиналето во “Копа дел Реј“, покрај Барселона, се и Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Сосиедад.

Ждрепката ќе се одржи на 12 февруари.

ПретходноЛиверпул е „МАШИНА“: Тимот на Слот го декласира Тотенхем во реваншот и се пласира во финалето на Лига Купот!