Нејмар го одигра првиот меч по враќањето во Сантос (ВИДЕО)

138

Нејмар по вторпат во својата кариера дебитираше за Сантос, откако по единаесет и пол години се врати во клубот од каде што потекнува. Легендарниот Бразилец го одигра целото второ полувреме на синоќешниот меч со Ботафого, влегувајќи во игра во 46. минута.

Мечот заврши нерешено (1:1), а Сантос поведе од пенал во 38. минута, додека гостите израмнија преку Александре Жесус во 67. минута од натпреварот.

Сантос сега е осми на табелата во Паулиста со 8 бодови, а Ботафого е последен со само четири.

Пред да се врати во Бразил, Нејмар за Сантос одигра 225 натпревари и постигна 136 голови.

ПретходноНишто од легендарната двојка: Шифрин и Вон нема да возат заедно во екипна комбинација
СледноУ21: Младите добија тешка група предводена од Италија во новиот циклус за ЕП 2027