Станиќ: Максимално верувам во оваа генерација

223

Денеска во Нион, фудбалската репрезентација на Македонија до 21. година ги доби противниците за следниот квалчификациски циклус. Истиот евентуално би не одвел на Европското првенство во 2027 година.

Ние сме во исклучително предизвикувачка група што се вели во која главцен фаворит е Италија, а следуваат Полска, Шведска, Ерменија и Црна Гора.

Новиот селектор на Македонија до 21. година, Горан Станиќ во својата првична излава дипломатски се осврнува на противниците потренцирајќи дека верува во генерацијата која што ќе ја предводи.

„Мора да размислуваме позитивно и да бидеме оптимисти. Претходно нагласив дека максимално верувам во оваа генерација. Можеме и имаме квалитет да и парираме на секоја репрезентација. Наредниот период се до почетокот на квалификациите во септември, треба да го искористиме на најдобар можен начин за да се подготвиме најдобро што можеме и самоуверено и храбро да го дочекаме почетокот на претстојните квалифкации. Важно е фудбалерите да веруваат во своите квалитети, да бидат максимално фокусирани на претстојните предизвици, а другото ќе дојде на свое место. Одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, верувам дека нема да ги разочараме нашите фанови и љубителите на фудбалот во Македонија.  – изјави селекторот Горан Станиќ. 

ПретходноИбраими: Нема тешки и лесни противници, во оваа група ќе видиме кој е подготвен и за А репрезентацијата
СледноБрера донесе интернационалци од Мали и Гамбија