УЕФА планира “револуција“ во едно од најважните правила во фудбалската игра. Имено како што денеска пренесуваат медиумите на Островот, УЕФА има намера да ги укине продолженијта 2Х15 минути и тоа нокаут фазата во Лигата на Шампионите, во Лигата на Европа и во Лигата на Конференции.
Имено ако резултатот по двата меча, односно по 180 минути е идентичен, тогаш нема да се играат продолженија туку веднаш би се изведувале пенали.
Сепак ова и да се случи нема веднаш да се применува туку после 2027 година ако се знае дека тогаш завршува важечкиот договор за ТВ правата.
Јасно е дека ова се прави со цел колку толку да се ублажи згуснатит распоред.