Фудбалот секогаш на прво место, Ибраими на мини средба со сопственикот на ПСЖ

778

Денеска делегација на Македонската Фудбалска Федерација во состав Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и Илија Најдоски присуствуваше на официјалната ждрепка за новите У21 квалификации.

Нашата репрезентација доби силна група во која што се уште и Италија, Полска, Шведска, Ерменија и Црна Гора. Имаме ново фудбалско раководство, нова инфраструктура во федерацијата и секако нов селектор на новата генерација. Се е подготвено за свеж старт во оваа кампања и постигнување добри резултати.

Истите нема да дојдат лесно секако, потребно е многу работа, мноту труд, многу ангажман. Не само на домашно тло, туку и во странство. Токму затоа и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ околу себе се „вооружи“ со нашите фудбалски „тешкаши“ кои се способни да одработат, да излобираат, да издејствуваат, подобри денови за македонскиот фудбал.

Нашиот некогашен капитен Агим Ибраими, а сега еден од првите соработници на Омерагиќ тоа го покажа денеска со кратката средба со ни помалку ни повеќе туку сопственикот на еден од најголемите клубови во светот, ПСЖ, господинот Насер Ел Келаифи, инаку прв човек на Катар Спортс Инвестменст, компанијата сопственик на фудбалската гордост од Париз.

ПретходноБрера се пофали со Јанкулоски
СледноКонсеисао: Се поблиску сме до фудбалот што ми се допаѓа