Шеј повторно постигна 50 поени и го реши дербито со Феникс

58

Оклахома Сити Тандер во дербито на вечерта го совлада Феникс со 140:109 и го задржа најдобриот рекорд во лигата со 40 победи и девет порази, пред Кливленд кој има 41/10. Уште едно одлично издание имаше Шеј Гилџес-Александер со 50 поени, осум скока, пет асистенции и две украдени топки. Арон Вигинс постигна 17 поени и шест скока, а Џејлен Вилијамс 13 поени за Тандер.

За Феникс, кој го претрпе третиот пораз, Бредли Бил постигна 25 поени со шест асистенции, Девин Букер постигна 19 поени, а Ројс О’Нил постигна 18 поени. Кевин Дурент го пропушти натпреварот поради проблеми со зглобот.

Кошаркарите на Денвер го совладаа Њу Орлеанс со 144:119 за четврта последователна победа во НБА лигата. Нагетс ги предводеше Мајкл Портер со рекордни во кариерата 39 поени, заедно со 12 скока и српскиот центар Никола Јокиќ со 38 поени, 10 асистенции и осум скока.

Кошаркарите на Мајами ја совладаа Филаделфија со 108:101, благодарние на Тајлер Хиро со 30 поени и Никола Јовиќ кој заврши со 23 поени, седум асистенции и пет скока. Најефикасен кај тимот на Филаделфија беше Тајрис Макси со 31 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – Сан Антонио 1125-125

Шарлот – Милвоки 102-112

Детроит – Кливленд 115-118

Бруклин – Вашингтон 102-119

Филаделфија – Мајами 101-108

Торонто – Мемфис 107-138

Минесота – Чикаго 127-108

Денвер – Њу Орлеанс 144-119

Јута – Голден Стејт 131-128

Оклахома – Феникс 140-109

Сакраменто – Феникс 111-130

ПретходноНова НБА „бомба“: Џими Батлер е нов играч на Голден Стејт!
СледноНишто од легендарната двојка: Шифрин и Вон нема да возат заедно во екипна комбинација