Христијан Јанкулоски е нов играч на тимот на Брера. Струмичани се активни периодов во насока што повеќе да се засилат пред стартот на пролетната полусезона во ПМФЛ, па во таа насока е и ангажманот на Јанкулоски.
Тој доаѓа од Воска спорт каде што немаше преголема минутажа, а претходно тој пристигна од неговата родна Австралија.
Има 23. години и ќе биде од помош во ротацијата на тренерот Тони Атанасов на пролет.
Спортспорт објави денеска дека Брера доведува и двајца интернационалци од Гамвија односноо Мали.